Франгово
Франгово — село во областа Дримкол, во Општина Струга, во околина на градот Струга. Потекло на иметоИмето на селото првпат е споменато како „Франгови“ во 1345 година.[2] Постојат повеќе објаснувања за потеклото на името:
Географија и местоположбаСелото се наоѓа во областа Дримкол, во југозападниот дел на територијата на Општина Струга, чиј атар се издига до сртот на планината Јабланица, каде се допира со државната гранична линија со Албанија.[3] Селото е ридско, чии куќи се издигаат на надморска височина од 810 метри. Од самиот град Струга е оддалечено 6 километри.[3] Селото се наоѓа во Струшкото Поле, во подножјето на планината Јабланица, на четири километри источно од македонско-албанската државна граница. Селото се наоѓа на источните падини на планината Јабланица, десно од регионалниот пат Струга-Ќафасан. Околни села се: Калишта, Радолишта и Мали Влај.[4] Месностите во планинскиот дел на атарот на селото ги носат следниве имиња: Цунга (1.078 м.), Грмаде, Маша, Гропа, Урда, Бота, Исра, Те-крала, Каменица, Лопата, Варса, Зае, Фазлица и Аргунга.[4] Селото се состои од неговиот главен дел и издвоеното маало Фиериште, кое е оддалечено околу 2 километри од главното село.[4] ИсторијаСелото спаѓа меѓу старите села во Струшко. Него, кралот Стефан Душан го предал на црквата „Св. Богородица Перивлепта“ од Охрид.[4] Иако, Франгово е целосно муслиманско албанско село, одредени месности во атарот на селото наведуваат дека изворно било словенска населба.[4] Денешните албански родови во селото потекнуваат од доселени предци од села во јужна и северна Албанија.[4] СтопанствоАтарот зафаќа простор од 9,4 км2. На него преовладуваат шумите на површина од 648 хектари, на пасиштата отпаѓаат 138 хектари, а на обработливото земјиште 124 хектари.[3] Во минатото, населението многу се занимавало со сточарство. Одгледувале бројна стока: кози, овци, говеда и коњи. Меѓутоа, по Втората светска војна тоа е сменето. Денес, повеќе се посветени на полјоделството и на печалбата.[4] Население
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Франгово имало 360 жители Албанци муслимани.[5] На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Фаргово е претставено како чисто албанско село во Охридската каза на Битолскиот санџак со 45 куќи.[6] Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 500Албанци.[7] Франгово е големо село, населено со албанско население. Тоа, во 1961 година имало 844 жители, додека во 1994 година бројот се зголемил на 1.534 жители.[3] Според пописот од 2002 година, во селото Франгово живееле 1.739 жители, од кои 1.734 Албанци и 5 останати.[8] Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 1.206 жители, од кои 1.156 Албанци, 1 Бошњак, 13 останати и 36 лица без податоци.[9] Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
РодовиВо селото живее муслиманско-албанско население.[4] Родови се: Даутлар (20 к.), Шаќирлар (10 к.), Мерколар (5 к.), Асолар (10 к.) и Маљеље (6 к.), потекнуваат од петмина браќа, синови на извесен Осман. Се доселиле околу 1825 година. По потекло се од јужниот дел на Албанија.[14]; Љазилар (околу 20 к.), ја знаат следнава генеалогија: Зија (жив, 46 г.)-Изет-Јусуф-Илјаз-Максут, основач на родот, доселен околу 1840 г.; Вишколар (околу 30 к.), Голелер (околу 30 к.) и Амзолар (7 к.), доселени од некаде од јужна Албанија; Љуманлар (15 к.), најнов селски род и единствени припаѓаат на групата Геги, доселени од областа Љума од Албанија. Општествени установи
Самоуправа и политикаСелото влегува во рамките на Општина Струга, која била проширена по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото се наоѓало во некогашната Општина Струга. Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Струга. Селото припаѓало на некогашната општина Струга во периодот од 1955 до 1965 година. Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Радолишта, во која покрај селото Франгово, се наоѓале и селата Вишни, Заграчани, Калишта, Мали Влај, Радожда, Радолишта и Шум. Во периодот 1950-1952 година, селото било дел од тогашната општина Калишта, во која влегувале селата Калишта, Мали Влај, Радожда и Франгово. Избирачко местоВо селото постојат избирачките места место бр. 1879 и 1880 според Државната изборна комисија, сите сместени во основното училиште.[15] На локалните избори во 2017 година, на овие избирачки места биле запишани вкупно 1.639 гласачи.[16] На референдумот во 2018 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 1.634 гласачи.[17] Културни и природни знаменитости
ИселеништвоОд денешниот род Мерколар неколку семејства се иселени во Турција и во градот Струга. Родот Френговци (1 к.) се иселил во струшкото село Мислешево. По кажување, помеѓу двете светски војни, од селото се имаат иселено околу 50 домаќинства, кои се иселиле во градовите Струга, Охрид, Битола и во Турција.[4] Наводи
ПоврзаноНадворешни врски |