Потенцијално опасно тело (ПОТ) или потенцијално опасен објект — близуземско тело (астероид или комета) со орбита која може да се доближи до Земјата и е доволно големо за да причини поголеми штети во случај на судир.[1] Се дефинираат како тела со најмало растојание на орбитално пресекување со Земјата помало од 0,05 астрономски единици (19,5 месечеви растојанија) и апсолутна величина од 22 или посјаен.[2] Проценето е дека 98 % од познатите потенцијално опасни тела не закана во следните 100 години.[3] Само 32 ПОТ се ставени на табелата на ризици на „Сентри“, а изземени се сите кои не се закана за следните сто години.[4] Во текот на стотици или илјадници години, потенцијално опасните атероиди имаат можност да ги изменат орбитите на начин кој ќе ги направи недвосмислено опасни.
Највеќето овие тела се потенцијално опасни астероиди (ПОА), а неколку од нив се комети. Во март 2021 г. имало 2.173 познати ПОА (околу 9 % од близуземските тела), од кои 158 имаат пречник поголем од 1 км (погл. списокот на списокот подолу).[5][6][б 1] Most of the discovered ПОА are аполонски астероиди (1.730) а помал број се атонски (171).[7][8]
По спроведувањето на неколку астрономски прегледи од доцните 1900-ти наваму, бројот на познати ПОА е десеткратно поголем (погл. столбниот графикон подолу).[5] Подробни информации за овие тела во список се објавува ати на мрежна страница на Центарот за мали планети.[9]
Преглед
Едно тело се смета за ПОТ доколку неговото најмало растојание на орбитално пресекување (МРОП) во овнос на Земјата е помало од 0,05 ае (7.500.000 км) — околу 19,5 месечеви растојанија — а неговата апсолутна величина е посјајна од 22, што приближно одговара на пречник над 140 м.[1][2] Телото би било доволно големо да предизвика регионален разор на човечките населби ако падне на земја, или пак големо цунами ако удри во океан. Ваков настан во просек се случува еднаш на 10.000 години. Земајќи ги податоците на NEOWISE, се проценува дека постојат 4.700 ± 1.500 потенцијално опасни астроиди со пречника над 100 метри.[10]
Утврдени БЗТ од разни проекти. ПОА се подмножество на БЗТ во поширока смисла.[5]
LINEAR NEAT Spacewatch LONEOS CSS
Pan-STARRS NEOWISE ATLAS Други
Во 2012 г. НАСА проценила дека дотогаш биле најдени 20 до 30 отсто од телата.[10] При блиските приближувања на астероиди кон планетите и месечините вон Земјата, тие ќе подлегнат на гравитациска растројување и да ја сменат орбитата, што може да предизвика претходно неопасниот астероид да стане потенцијално опасен, или обратно.
Неколку проекти за астрономски прегледи како Истражувањето на околуземски астероиди на Линколнската опсерваторија (LINEAR), Каталинскиот небесен преглед (CSS) и Pan-STARRS продолжуваат да трагаат по уште ПОТ. Секое пронајдено тело се проучува на различни начини како оптички, радарски и инфрацрвено со цел да се утврдат неговите особености како големината, составот, вртежната состојба и да се добие поточна слика за неговата орбита. Во овие набљудувања и следења учествуваат како стручни, така и аматерски астрономи.
Големина
Астероидите со пречник поголем од 35 метри се закана по еден цел град со умерена големина.[11] Меѓутоа пречникот на највеќето мали астероиди не е добро утврден, бидејќи се одредува според сјајноста и растојанието, а не со непосредно мерење. Од оваа причина, НАСА и Лабораторијата за реактивен погон (JPL) ја користат попрактичната мерка апсолутна величина (H). Секој астероид со апсолутна величина 22,0 или посјаен се смета за доволно голем.[2]
Големината на телото може само грубо да се процени бидејќи мора да се направи претпоставка за неговото албедо, кое најчесто не е со сигурност познато. Програмата за близуземски тела на НАСА за оваа цел се служи со претпоставено албедо од 0,14.
Најголеми потенцијално опасни тела
Со среден пречник од околу 7 км, аполонскиот астероид (53319) 1999 JM8 е веројатно најголемото потенцијално опасно тело, и покрај послабата апсолутна величина (15,2) во однос на другите тела во табелата. Телото со најниска бројна ознака е 1566 Икар.[9]
Подолу е даден список на најголеми ПОА (според апсолутна величина H) откриени во дадена година.[12] Историските податоци за збирниот бро на откриени ПОА од 1999 г. наваму е прикажан во столбни графикони — едниот за вкупниот број, а другиот за тела поголеми од еден километар.[5]
Најсјајни ПОА откриени секоја година од 1989 г. наваму [12]
ПОА-КМ: потенцијално опасни астероиди поголеми од 1 километар од 1999 г. наваму — Збирен број на откриени ПОА. Во септември 2020 г. имало 157 познати ПОТ поголеми од еден километар.[5]
500
1.000
1.500
2.000
2.500
3.000
пре.
1999
2001
2003
2005
2007
2009
2011
2013
2015
2017
2019
ПОА: вкупен број на потенцијално опасни астероиди од 1999 г. наваму — Збирен број на сите откриени ПОА. Во септември 2020 г. имало 2,115 ПОА.[5]
↑Пресметаниот среден пречник на едно тело е само приближна проценка. Избеден е од колебливата сјајност на телото мерена на различни наврати и претпоставената (но честопати непозната) отсјај на површината. Големинскиот проценител на астероиди на НАСА е алатка за општо претворање на апсолутната величина во пречник за претпоставено геометриско албедо.